Се враќа фудбалот во Македонија: Шкендија на отворањето во супер-дерби против Струга ТЛ!

Се е подготвено за првиот меч од ПМФЛ во кој шампионот Шкендија на домашен терен ќе го пречека тимот на Струга ТЛ, дуел на трето и второпласираниот состав на табелата.

Тетовските „црвено-црни“ поминаа подготвителен период во Анталија, Турција каде што преку тренинзи и пријателски мечеви ја „билдаа“ формата за атак кон одбрана на титулата во домашниот шампионат.

Тренерот Јетон Беќири е задоволен од сработеното на подготовките, и вели дека екипата е подготвена за предизвиците во пролетниот дел, со надеж дека тимот добро ќе ја почна втората полусезона.

„Подготовките ги оценувам позитивно. Единствено времето во Анталија беше лошо во текот на целиот престој, но тоа беше пречка за сите тимови кои се подготвуваа таму. Важно е што ги одигравме сите четири предвидени пријателски натпревари. Нашата цел беше да им дадеме минути на сите играчи и да нема повреди. Задоволен сум од напредокот на тимот, мислам дека сме во добра форма и се надевам дека првенството ќе го почнеме добро. „Тимот е подготвен. Немаше многу промени во екипата. Верувам дека тимот е комплетен и подготвен да одговори на првенствените, Куп и европските натпревари. Секој натпревар за нас во пролетниот дел е важен, и верувам дека добро ќе одговориме на секој предизвик“, изјави Беќири.

За првиот натпревар утре против Струга ТЛ, Беќири очекува неизвесен, квалитетен и тврд натпревар.

„Одиграа квалитетно во есенскиот дел, и беа ми се чини најдобрата екипа до квалитет. За нас е некој нов почеток, ќе дадеме се од себе да се радуваме пред нашите симпатизери. Секако дека ги анализиравме, играат добро, некои играчи играат заедно и навистина очекувам да видиме убав и тврд натпревар“, рече Беќири.

ПМФЛ – 17. КОЛО (денеска, 14 часот)

Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ

Кавадарци: ШКУПИ – ТИКВЕШ

Се вчитува...