Олстар-викендот и без Стеф Кари

Актуелниот МВП, Шеј Гилџус Александер ќе го пропушти претстојниот олстар викенд во НБА-лигата, кој ќе биде дополнително осиромашен со неиграњето на уште една супер-ѕвезда на светската кошарка.

Стеф Кари дефинитивно нема да може да настапи на претстојниот собир на сите ѕвезди откако извонредниот шутер не успеа да се опорави од повредата на коленото што го мачеше во изминатиот период.

Кари не настапи на последните четири средби за Голден Стејт, по што беше официјално објавено дека тој нема да може да настапи на следниот дуел со Сан Антонио, како и на претстојниот олстар викенд.

Повредата не е премногу сериозна и камбекот на Стеф се очекува по олстарот, но „воините“ не сакаат да ризикуваат стравувајќи дека може да се влоши состојбата и тој да пропушти значаен дел од завршницата на сезоната.

Се вчитува...