ПРВО ПОЛУВРЕМЕ: Без голови на дербито во Тетово, Тиквеш со убедливи 4-0 против Шкупи (ВИДЕО)

Шкендија и Струга ТЛ играат натпревар без голови во првите 45 минути од првото коло во вториот дел од сезоната во Првата  македонска фудбалска лига.

Нема многу возбудувања на дуелот во Тетово каде главно се игра на средината од теренот.

Вториот дуел денеска, во Кавадарци, каде Тиквеш како „гостин“ игра против отпишаниот Шкупи кој игра со девет тинејџери, е само формалност ако се знае добро разликата во квалитет, со оглед на тешката ситуација во која се наоѓаат чаирчани, а формираа тим колку само да ја доиграат сезоната.

Па, Тиквеш има предност од убедливи 3-0 по првото полувреме, со головите на Садик, Стојковски и Тасев.

Садик погоди уште во 9. минута…

Потоа, во 20. минута по грешка во одбраната на Шкупи, погоди Стојковски…

А, Тасев во 23. минута постигна гол и за 3-0, за да Голубов во 44. минута го постигна и својот дебитантски гол сезонава за Тиквеш за 4-0.

ПМФЛ – 17. КОЛО (прво полувреме)
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ (0-0)
Кавадарци: ШКУПИ – ТИКВЕШ (0-4)
Садик 9′, Стојковски 20′, Тасев 23′, Голубов 44′

Се вчитува...