Натпреварот во Кавадарци денеска во 17. коло од Првата македонска фудбалска лига, каде Тиквеш како „гостин“ играше против отпишаниот Шкупи кој допатува со девет тинејџери, беше само формалност ако се знае добро разликата во квалитет, со оглед на тешката ситуација во која се наоѓаат чаирчани, а формираа тим колку само да ја доиграат сезоната.
Па, Тиквеш на крај, одржувајќи само полесен тренинг, убедливо славеше со 6-0 во натпревар кој заврши со хет-трик на офанзивецот Садик.
Садик погоди уште во 9. минута за водство од 1-0 по асистенцијата на Даниел Мојсов, најавувајќи ја голеадата.
Потоа, во 20. минута по грешка во одбраната на Шкупи, погоди и Стојковски…
А, Тасев во 23. минута постигна гол и за 3-0, за да Голубов во 44. минута го постигна и својот дебитантски гол сезонава за Тиквеш за 4-0 на полувремето.
Во второто полувреме уште два гола за кавадарчани. И двата на Садик, во 61. и во 76. минута за негов хет-трик на натпреварот.
ПМФЛ – 17. КОЛО
Тетово: ШКЕНДИЈА – СТРУГА ТЛ 2-0 (0-0)
Спахиу 78′, Ндзенгуе 89′
Кавадарци: ШКУПИ – ТИКВЕШ 0-6 (0-4)
Садик 9′, 61′, 76′, Стојковски 20′, Тасев 23′, Голубов 61′
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

