Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанај, е суспендиран во својата татковина поради неговото однесување на натпреварот против Хапоел Ерусалим.
Јанај доби суспензија од два месеци од кошарката, а дополнително беше казнет со 16.320 евра.
Исто така, поради она што се случи на натпреварот, Хапоел ќе мора да плати дополнителни 30.000 евра.
Во меѓувреме, Јанај се појави на тренингот на Хапоел, каде што имаше порака за играчите и тренерскиот кадар.
„Сакам да знаете дека верувам дека ќе ја завршиме оваа година со освоени титули и на домашно и на европско ниво. Но, овој резултат против Хапоел Ерусалим? Дали сме толку лош тим што губиме двапати по ред со 15 поени разлика? Ако сме толку лош тим, тогаш веројатно не си ја работам работата како што треба, бидејќи тие чинат околу една третина од она што вие го чините“, рече Јанај.
Хапоел повеќе не е прв на табелата, го престигна Макаби, кој има помалку победи.
Екипата на Димитрис Итудис има пет порази во сите натпреварувања, а следниот натпревар е против Жалгирис во Каунас, во петок во 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

