Марел Гони Ибаргурен е новото засилување на Арсими за пролетниот дел од сезоната. Станува збор за играч од средниот ред, кој во минатото минал и низ младинските школи на Реал Сосиедад, играјќи за Ц тимот на оваа екипа.
Овој 24-годишен фудбалер во изминатите неколку години играше на Кипар, за екипите на АПОП Полис и Ахиронас. Во Шпанија покрај Сосиедад, играше и за Аренас Клуб и Замора.
Ибаргурен потшиша 1,5 годишен договор со тимот од Чегране, и доаѓа како слободен играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

