Екипата на Македонија ЃП вчера ги промовираше Огузан Ајдоган и Стефан Лазаревиќ како нови имиња, а потоа објави уште три нови засилувања.
Едниот од нив е српскиот напаѓач Стеван Николиќ. Станува збор за 23-годишен фудбалер, кој бил во редовите на Марибор. Играл за младите категории на Црвена Звезда и на Партизан, а покрај Марибор во Словенија играше и за Табор Сезана и Кршко, а последен клуб му е Трајал од Србија. Доаѓа како слободен агент.
Второто засилување за „лавовите“ е младиот 20-годишен стопер Малик Хамзиќ. Хамзиќ досега играше за Силекс, но настапи само два пати, по што се реши да ја смени средината. Во минатото играше за Гостивар и за младите категории на Работнички.
Во Ѓорче Петров доаѓа и Кристијан Таневски. Таневски кој игра на позицијата стопер и доаѓа од екипата на Саса. Тој практично се враќа во екипата на Македонија ЃП каде играше во младите категории, а беше дел и од младите категории на Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

