ВИДЕО: Вардар не чека многу – Засилувањето Цветковиќ со деби-гол уште во 6. минута за водство против Арсими

Лидерот на табелата, екипата на Вардар не чекаше многу за водство против Арсими во првиот денешен натпревар од 17. коло во Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ поведоа уште во 6. минута од средбата која се игра на стадионот „Петар Милошевски“ на комплексот „Куќа на фудбалот“ на ФФМ.

Одлична соло-акција на Закариќ по десната страна кој мајсторски пред голот на гостите го пронајде Цветковиќ, кој уште во првиот свој официјален натпревар за Вардар се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...