Како што е веќе и традиционално, непосредно пред официјалниот дел од прес-конференцијата во Куманово, победничката екипа во ланското издание на финалниот турнир „Благоја Георгиевски-Буштур“, МЗТ Скопје Аеродорм, го доби во трајна сопственост трофејот кој го освоија пред една година на турнирот во Гевгелија.
Во таа прилика, гродначалникот на Куманово, Максим Димитриевски му порача на капитенот на „металците“ барем оваа година пехарот да има друг сопственик.
Куп-пресметките почнуваат со четвртфиналните дуели во петок, а големото финале е закажано за недела во салата во Куманово.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

