Тактизирањето на Најџел Хејс Дејвис при изборот на новиот клуб ги „зпаали“ заинтереситени тимови кои влегоа во „аукција“ за да го осигураат потписот на актуелниот МВП.
Фенербахче, Панатнаикос и Хапоел Тел Авив се клубовите кои тргнаа во офанзива, а според последните информации Фенер се откажа од намерата да го доведе својот поранешен играч назад во Истанбул. Турските медиуми го цитираат генералниот менаџер на европскиот ппрвак, кој обелодени дека ПАО и Хапоел во изминатите 48 часа испратиле зголемени понуди, нешто што Фенербахче нема да го стори бидејќи со тоа би била нарушена структурата на буџетот во клубот.
Грчките медиуми во меѓувреме информираат дека Панатинаикос сега е апсолутен фаворит во трката по овој одличен кошаркар. Јанакопулос минатата седмица објави дека се откажува од намерата за ангажман на Хејс Дејвис, но првиот човек на ПАО очигледно во меѓувреме го сменил својот став. Понудата од 12,2 милиони евра за договор на две и пол сезони е испратена и Американецот е на добар пат да ја прифати, па се очекува тој до крајот на оваа седмица и официјално да стане дел од „зеленото семејство“ од Атина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

