Македонија денеска ги добива противниците во Лигата на Нации

Денеска во 18 часот во Брисел со ждрепка ќе бидат одредени противниците на Македонија во Б сегментот во Лигата на Нации. Македонската репрезентација за првпат ќе биде во Б сегменетот, откако во минатото издание заврши на првата позиција во Ц групата во ова натпреварување.

Македонија се најде во четвртиот шешир, каде што се уште и селекциите на Шведска, Северна Ирска и Косово, против кои не можеме да се паднеме.

Овие дуели ќе бидат предизвик за оваа генерација на играчи, а одлична можност да се подготви селекцијата за она вистинското – квалификациите за ЕП 2028 година кои се на програмата идната година.

„Репрезентациите од првиот и вториот шешир објективно влегуваат како фаворити, со оглед на нивниот рејтинг, искуство и континуитет на големи натпреварувања. Но, тоа не значи дека однапред се знае исходот. Нашата цел е да бидеме конкурентни на секој натпревар, да го наметнеме нашиот стил и да покажеме дека Македонија со право е дел од Лига Б. Ќе ги почитуваме сите противници, но најмногу ќе веруваме во себе. Ако бидеме организирани и фокусирани од првата до последната минута, можеме да бидеме незгоден противник за секого. Овој циклус го гледаме како нов чекор за напредок на репрезентацијата и шанса дополнително да го потврдиме нашиот квалитет“, изјави селекторот на нашата репрезентација Гоце Седлоски пред ждрепката.

ЛИГА НА НАЦИИ, Б СЕГМЕНТ

ПРВ ШЕШИР: Шкотска, Унгарија, Полска, Израел.

ВТОР ШЕШИР: Швајцарија, БиХ, Австрија, Украина.

ТРЕТ ШЕШИР: Словенија, Грузија, Р.Ирска, Романија.

ЧЕТВРТ ШЕШИР: Шведска, МАКЕДОНИЈА, Северна Ирска, Косово.

Се вчитува...