Седумнаесетото коло во Првата македонска фудбалска лига се затвора денеска со два натпревари, кои ќе бидат важни битки за опстанок во „елитата“. АП Брера на свој терен го пречекува составот на Работнички, додека Пелистер во Битола го очекува меч против Работнички.
Оние што ќе победат денеска, ќе освојат важни бодови во борбата за останување во елитното друштво, а оние кои ќе загубат, ќе имаат жестока битка за да изборат опстанок.
Особено ова важи за тимот на Работнички, кому ова му е можеби последна шанса да се спаси, со оглед дека заостанува многу зад останатите ривали, односно осум бодови зад Македонија ЃП и дури осум зад Пелистер. „Романтичарите“ претрпеа многу промени во зимскиот преоден рок, си заминаа неколку клучни играчи, имаше и тренерска смена, па новиот тренер Муарем Муарем е пред тешка мисија.
За Пелистер, пак, ова е меч во кој има шанса со победа да фати приклучок кон „помирни води“ и да го стигне на табелата тимот на АП Брера, а потоа да се обиде да се искачи уште некое место погоре и да избега од опасната зона.
Во Струмица АП Брера и Македонија ЃП, судир на тимови со многу непознати. Брера го загуби својот прв стрелец Ндзенгуе кој замина во Шкендија, тимот главно е истиот од есенскиот дел, и со млади сили струмичани ќе се обидат да обезбедат уште еден „прволигашки мандат“. Од друга страна, пак, многу непознати и кај Македонија ЃП. Екипата доцна стартуваше со подготовки, во последните денови ангажираше неколку засилувања со една цел – и идната сезона да бидат дел од „елитата“.
ПМФЛ, 17. КОЛО
Струмица: АП БРЕРА – МАКЕДОНИЈА ЃП (13:00)
Битола: ПЕЛИСТЕР – РАБОТНИЧКИ (14:00)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

