Македонија ЃП го заокружи преодниот рок со уште две нови имиња. Нови засилувања на „лавовите“ се крилниот фудбалер Иван Галевски, и левиот бек Марио Ричков.
Галевски (29) досега настапуваше за штипска Брегалница, и пракитчно се враќа во тимот на Македонија ЃП каде настапуваше во два наврати, најпрво како дел од младинските категории, а потоа и во 2024 година.
21-годишниот Ричков, пак, доаѓа од екипата на Шкупи, каде во пролетниот дел беше стандарден член. Покрај левата бековска позиција, може да игра и како стопер и како лево крило. Овој фудбалер потекнува од младинската школа на Вардар, пред да се промовира во првиот тим на „црвено-црните“, а кратко потоа заминува во Шкупи каде настапува во последните три години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

