ЕВРОЛИГА: Еве некој кој ги познава двата тима – многу добро! (ФОТО)

Поранешниот македонски репрезентативец и прв човек на македонската кошарка, Перо Антиќ вечерва е гостин на грчки Олимпијакос, клубот во кој остави силна трага освојувајќи две титули во Евролигата.

Па, Евролигата, преку своите официјално мрежи, не можеше а да не го одбележи присуството на Антиќ на денешниот дуел во Атина меѓу Олимпијакос и Црвена Звезда, токму двата клуба на најдобриот македонски кошаркар во историјата.

„Еве некој кој што ги познава двата тима – МНОГУ ДОБРО“ – напишаа од Евролигата во објавата покрај фотографијата на Перо Антиќ од Атина.

Се вчитува...