Ги немаше Дончиќ и Флег, но тука беше Леброн

Леброн Џејмс го „украде шоуто“ на дуелот од Западната конференција меѓу ЛА Лејкерс и Далас што домашниот тим лесно и убедливо го доби со 124-104. Лука Дончиќ поради повреда не можеше  да настапи против својот поранешен клуб, кај гостите го немаше првиот пик на драфтот, Купер Флег, а во таква ситуација Леброн блесна и покажа дека и во петтата деценија од животот се уште доминира на терените.

„Кралот“ стигна до трипл-дабл од 28 поени, 10 скокови и 12 асистенции, а добра помош доби од Јапонецот Хачимура кој реализираше 21 поен, за прекин на мини-серијата од два пораза на „езерџиите“.

Оклахома Сити загуби на домашен терен од Милвоки со 93-110, уште еден меч на кој тимовите настапија без своите клучни кошаркари. Кај шампионот го немаше актуелниот МВП, Шеј Гилџус Александер, гостите беа без Адетокумбо, но подобро се снајдоа во таквата ситуација и заслужено стигнаа до победата. Диенг беше клучна фигура кај Милвоки со 19 поени и 11 скокови, додека дабл-дабл кај Оклахома Сити оствари Холмгрен со 16 поени и 13 скокови.

Портланд на гостински терен ја декласираше Јута со 119-135, меч на кој брилијантен беше Холидеј со 31 поен, 9 скокови и 7 асистенции.

Се вчитува...