Артета: Бевме во контрола, а потоа се случи хаос

Микел Артета не го криеше разочарувањето откако Aрсенал не успеа да стигне до три бода на гостувањето против Брентфорд, ремизирајќи 1-1 по што предноста во однос на второпласиираниот Манчестер Сити сега се намали на четири бода.

„Топчиите“ не беа на посакуваното ниво, но сепак успеаја да стигнат до водство преку Мадуеке. Сепак, тоа се покажа недоволно откако примија гол по најсилното оружје на Брентфорд, долго изведен аут.

„Успеавме да поведеме, делуваше како да имаме контрола, а потоа се случи хаос. Тоа е вообичаено кога играте со Брентфорд, потребен им е само аут или прекршок да ја пуштат топката во шеснаесетникот, да натрчаат на одбиена и да дадат гол. Ние добро се браневме освен таа една ситуација, но тоа им беше доволно за да дадат гол. Не чувствуваме притисок, уште сме први на табелата и остануваме максималон фокусирани. Веќе реков дека сезоната е долга и трае речици 10 месеци. Многу работи се менуваат, а единственото што е важно е кој ќе биде на врвот на крајот“, истакна Артета.

Се вчитува...