Легендарниот боксер Тајсон Фјури се враќа од пензија за борбата со Арсланбек Махмудов која ќе се одржи на 11. април на стадионот на Тотенхем во Лондон.
Тоа ќе биде неговата прва борба по четири години пред британската публика, а спектаклот ќе биде преносен од страна на „Нетфликс“.
За Фјури кој во текот на кариерата забележа 34 победи, два порази и еден нерешен меч тоа ќе биде нов камбек од пензија за кој вели дека е превозбуден.
„Превозбуден сум за враќањето. Моето срце секогаш беше и ќе биде во боксот“, порача Фјури.
Очекувањата се дека „Кралот на Ромите“ во 2026 година ќе се бори три пати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

