Вардар потпиша прв професионален договор и со Цветковски (ФОТО)

По претходните потпишани договори со тројца играчи од младинската школа, Никола Ристевски роден 2007 година, Христијан Јевтоски роден 2008 година и Бљерон Бајрами роден 2008 година, Вардар денеска потпиша прв професионален договор и со уште еден свој екстра-талент, Андреј Цветковски.

И Цветковски кој е стандарден член на репрезентацијата на Македонија до 17 години, потпиша договор до 2029 година со црвено-црните.

Претходно, и Ристевски, Јевтоски и Бајрами потпишаа договори до 2029 година.

Се вчитува...