Тиквеш промовираше уште три нови засилувања од Брегот на слоновата коска и од Гвинеја (ФОТО)

Тиквеш промовираше уште три нови засилувања за пролетниот дел од сезоната.

Нови фудбалери на кавадарчани се 26-годишниот напаѓач од Брегот на слоновата коска, Муса Седрик Гуел кој има богато интернационално искуство од Франција и Турција, играјќи за клубови како Бург, Самсунспор, Данкерк, Ред Стар и Париз.

„Со неговата брзина, техника и креативност на крилото, Муса ќе донесе ново ниво на сила и динамика во нашиот тим“ – порачаа од Тиквеш.

А, ново име е и 21 годишниот крилен напаѓач од Гвинеја, Н’фанли Сила кој е поранешен репрезентативец на Гвинеја до 20 години.

Нов фудбалер е и 21-годишниот Бразилец Лусианињо.

Се вчитува...