Американската скијачка Линдзи Вон, која доживеа сериозен пат за време на олимписката трка во спуст, при што се здоби со сериозни повреди, ќе мора да биде подложена на четврта, а можеби и на петта операција.
Досега на скијачката легенда и беа направени три операции. Сега, американската суперѕвезда повторно проговори во видео порака на Инстаграм, објавувајќи дека е неопходна четврта операција.
„Последните неколку дена тука во болницата беа доста тешки. Конечно се чувствувам како себеси, но сè уште имам долг, долг пат пред себе. Утре имам уште една операција, и се надевам дека ќе помине добро за да можам да си одам дома. Ќе треба уште една операција потоа. Не знам што тоа значи, но тоа е моменталната ситуација“, рече Вон.
Вон се натпреваруваше на олимписката трка по спуст со скинати вкрстени лигаменти, кои ги доби неколку дена претходно. Сè уште не е познато кога ќе може да лета за САД на понатамошно лекување. Дотогаш, таа мора да остане во болницата во Тревизо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

