Поранешниот македонски репрезентативец Леонард Жута, беше стрелец на гол во победата на Славен Белупо над Локомотива, во рамките од 22. коло во хрватското првенство.
Жута влезе од клупата, и во финишот од мечот со прекрасен гол од слободен удар, ја запечати победата на својот тим. За Жута ова беше прв гол откако летоска од Шибеник се пресели во Белупо.
За Славен не играше Илија Несторовски, додека кај гостите не беше во комбинација Александар Трајковски.
Голот на Жута погледнете го на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

