И покрај тоа што Реал Мадрид против Партизан во Белград во еден миг во третиот период водеше со +15 разлика, сепак, на крајот можеше да остане со празни раце, затоа што белградските „црно-бели“ во четвртиот период не само што ја стигнаа разликата, туку и водеа во еден миг. Но, на крајот „кралевите“ со посилни нерви успеаја да слават со 77-73 и да дојдат до 17-тата победа во Евролигата.
Во четвртиот период Партизан имаше предност четири пати, но Реал брзо се успеа да се соземе и да дојде до нова предност, на крајот и да слави победа.
Најефикасен беше Хезоња и Лајлс со по 14 поени, додека кај Партизан Браун постигна исто толку.
Кошаркарите на Фенербахче успеаја да дојдат до триумф на гостувањето во Атина кај Панатинаикос со 85-83. Во неизвесна завршница, турскиот тим и воедно лидер на табелата во Евролигата стигна до важна победа.
Мечот беше своевидна резултатска вртелешка. Ако првата четвртина им припадна на гостите, тогаш во втората и третата доминираше грчкиот тим, и стигна до преднсот. Но, Фенер со одлична игра во последниот период успеа да слави важен триумф.
Претходно Жалгирис ја продолжи кризата на Хапоел и го совлада со 93-82, а Монако со 102-92 славеше над Басконија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

