Возбудувањата од Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ продолжуваат денеска во салата на Куманово со два полуфинални натпревари.
Првиот од нив ќе биде одигран од 17 часот и првиот финалист ќе биде познат по натпреварот помеѓу МЗТ Скопје и Кожув.
Аеродромци ја потврдија фаворитската улога во средбата со вечниот ривал и лесно стигнаа до ново полуфинале во клупската историја, додека Кожув се намачи во драматичната средба со Маџари, но се избори за место меѓу најдобрите четири.
Вториот патник во финалето ќе биде познат од 19 часот и 30 минути со средбата помеѓу ТФТ и домаќинот Куманово.
ТФТ го надигра Феникс 2010 за место во полуфиналето, додека Куманово во неизвесна завршница славеше против Пелистер, изненадувајќи го фаворитот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

