Противникот на македонскиот претставник Шкендија во нокаут-фазата од Конференциската лига, турски Самсуспор од денеска и официјално е без тренер.
Отказот на германскиот стратег Томас Рајс доаѓа по двата порази во низа на клубот и тоа со убедливи 3-0 и 3-1 на натпреварите со Трабзон и Анталијаспор.
Како потсетување, првиот натпревар помеѓу македонскиот и турскиот тим ќе биде одигран во четврток со почеток од 21 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

