Шкендија ја потврди улогата на фаворит со средбата со Тиквеш во 18. коло од ПМФЛ славејќи со 1-4 на гостувањето во Кавадарци.
Домаќините беа тие кои прво поведоа на средбата со голот на Стојкоски во 24. минута од средбата, а пред самиот крај на првото полувреме Тамба се погрижи за изедначување (45′).
Веќе на самиот страт на второто полувреме тетовци преку Малики стигнаа до целосен пресврт откако ја затресе мрежата во 48. минута.
Голедата ја продолжија Зејнулаи со својот гол во 66. минута и Ндзенгу кој ја затресе мрежата во 78. минута.
Со овие три бода Шкендија се искачи на втората позиција на талбеата и сега има два бода негатива од лидерот Вардар, како и бод позитива во однос на Струга, но и натпревар повеќе од конкурентите.
Во следниот натпревар тетовци ги очекува европски предизвик во нокаут-фазата од Конференциската лига против турски Самсунспор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

