Македонскиот скијач Виктор Петков успешно го заврши и вториот настап на велеслаломската трка на Зимските олимписки игри и го освои 55. место.
Петков настапот на големиот настан го заврши со вкупно време 2:48:37 минути со вкупно заостанување од 24 секунди и 37 стотинки заостанување од најдобриот скијач, Бразилецот Лукас Пинеиро Братен.
Македонија до крајот на ЗОИ ќе ја претставува уште Јана Атанасовска која ја очекува велеслалом и слалом на 15 и 18 февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

