22. коло од чешкото првенство донесе и македонски дуел каде на едната страна се најдоа Андреј Стојчевски и Тихомир Костадинов, а на другата Милан Ристовски за нивните Словачко, односно Бохемианс.
Натпреварот заврши со резултат 1-2 во полза на Милан Ристовски и Бохемианс, а Македонците овој пат не успеаја да ја затресат мрежата.
Стојчевски и Ристовски добија шанса од првата минута на средбата, додека Костадинов влезе во игра на стартот на второто полувреме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

