МЗТ Скопје доминантно до ново Куп финале

МЗТ Скопје ја потври фавортската улога и во вториот натпревар на Купот на Македонија и се пласираше во финалето со триумф над Кожув од 76-58.

Натпреварот беше неизвесен само во првата четвртина која им припадна на аеродромци со 20-18 по што следеше доминантна игра во нападот и одбраната која донесе двоцифрена предност за позитивна од 46-28 на полувремето.

Второто полувреме не донесе промени, избраниците на Атанасов ја одржуваа предноста и стигнаа до највисоките +26 (71-45) по кои следеше благ пад во играта со штедење на силите за големото финале.

Со 12 поени и четири асистенции лидер на МЗТ Скопје беше Смит, додека дабл-дабл од 15 поени и 11 скокови за Кожув оствари Кузманов.

Се вчитува...