Мозес Рајт е МВП на 28. коло во Евролигата

Кошаркарот на Жалгирис, Мозес Рајт одигра импресивен натпревар во 28 коло од Евролигата за кој го освои МВП признанието.

Рајт го предводеше литванскиот тим до триумф над Хапоел Тел Авив со 25 поени и шест скокови за индекс на корисност од 34.

Тој е вториот кошаркар на Жалгирис кој оваа сезона се закитува со МВП признанието по Силвијан Франциско кој во тоа успеа во 7. коло.

Се вчитува...