Бадел 1862 ја продолжи победничката низа во женскиот кошаркарски шампионат. Во 13. коло славеше на домашен терен против Крива Паланка со 66-52.
Домашните кошаркарки ја имаа контролата од самиот старт на средбата, првата четвртина ја добија со 18-13 по што следеше доминантна игра преку која со 27-6, Бадел стигна до голема предност на полувремето (45-19).
Крива Паланка на полувремето се консолидираше, заигра далеку подобро во следните 20. минути, но само го ублажи поразот.
Клири со 16 поени и 11 скокови беше лидерка на Бадел 1862, додека 15 поени и осум скокови за Крива Паланка постигна Ниеуес.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

