Куманово се пласираше во финалето на Купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ откако во втората полуфинална средба за овој ден славеше против ТФТ со 79-87.
ТФТ подобро го започна натпреварот за водство од 24-18 по првата четвртина, но Куманово успеа да го најде решението за „црно-белите“, одигра далеку подобро во нападот и стигна до изедначување на полувремето за 45-45.
„Сино-белите“ продолжија во истото темпо, успеаја и да поведат и да влезат во одлучувачките 10. минути со предност од 68-74.
Избраниците на Докузовски одолеаја на налетот на противникот во последната четвртина, беа најдобри кога беше најпотребно и во драматичен финиш стигнаа до посакуваниот триумф кој им носи нова битка за титула по подолго време.
Со 31 поен Николиќ беше енигма за ТФТ, додека скопскиот тим го предводеше Стенли со 24 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

