ШТЕТА: Јана Атанасовска не ја заврши трката во велеслалом на ЗОИ

Македонската натпреварувачка во алпско скијање Јана Атанасовска, не успеа да ја заврши трката во велеслалом кој беше на програмата денеска. Атанасовска после 22 секунди возење, излета од патеката и остана без шанса за пласман во второто возење.

Атанасовска во првото мерење имаше заостанување од водечката 1.45 секунди, но веднаш потоа следуваше откажување од патеката.

Сега останува Атанасовска да вози и во слаломот на 18. февруари. Таа е последна наша натпреварувачка на ЗОИ во Милано и Кортина, откако сите натпреварувачи претходно ги завршија настапите.

Се вчитува...