Играчот од средниот ред на ОФК Белград, 20-годишниот Михајло Петровиќ е најновото име во редовите на битолски Пелистер. Станува збор за играч кој сезонава одигра три меча во српската Супер-Лига, а ќе игра како позајмен во Битола до крајот на сезоната.
Петровиќ поткенува од младинската школа на Партизан, каде стигнува и до сениорскиот тим, а на почекот на оваа сезона оди во ОФК Белград, со кој потпиша на четири години.
Петровиќ игра на позицијата офанзивен играч за врска, иако може да игра и како лево крило. Станува збор за младински репрезентативец на Србија, односно има настапи за селекциите до 19 и до 18 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

