Блесок на Јакимовски, но Тренто е поразен од Канту

Македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски, беше најефикасен кошаркар за неговиот тим Тренто, но тоа не беше доволно за добар резултат на гостувањето кај Канту, кој славеше со 108-91.

И покрај тоа што Тренто одлично го почна мечот, и имаше водство по првата четвртина, сепак, после тоа Канту ја презеде иницијативата и на крајот славеше убедлив триумф.

Јакимовски постигна 19 поени, а имаше седум скока и една асистенција, што го направи најдобар кај неговиот тим. Бортолани кај Канту беше најдобар на средбата со 24 поени.

Се вчитува...