Тренерот на Струга ТЛ незадоволен од судењето: Поништен чист гол, недосуден пенал, спорен погодок на Силекс…

Струга ТЛ го претрпе третиот пораз во сезоната во ПМФЛ, втор во пролетниот дел, после неуспехот со Шкендија. Денеска Силекс си замина од Струга со три бода, благодарение на два брзи гола во финишот од мечот. Со овие два порази, Струга ТЛ се оддалечи од врвот на табелата, и сега заостанува дури седум бодови од водечкиот Вардар.

Тренерот на Струга ТЛ, Бледи Шкемби беше незадоволен од судењето, и ги посочи како директни виновници за ваквиот резултат.

„Двапати имавме водство, го постигнавме третиот гол, но без никаква смисла го поништија поради офсајд! Имаше и чист пенал за нас, но го досудија. Вториот гол на Силекс беше офсајд и ВАР не интервенираше за да го види! Мислам дека покрај нашите проблеми, судијата нѝ ја одзеде победата. Не сум тренер што се занимава со судии, но се прават многу грешки против нас“ – рече Шкемби.

Се вчитува...