Жан-Клод Ван Дам, белгискиот актер кој во минатото беше познат и како добар борец го предизвика јутјуберот Џејк Пол на бокс меч.
Сега 65-годишникот на социјалните мрежи објави видео на кое го прозива Пол да се најдат во рингот велејќи дека нема да се откаже додека Американецот не го прифати предизвикот.
Ѕвездата на акциските филмови од 80-тите и 90-тите години последен пат во рингот се најде пред 44 години.
Претходно беше добро познат како вешт борец со 44 победи и четири порази во семи-контакт дисциплината како и 148 поени и само еден пораз како кикбоксер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

