Екипата на Самсунспор, противникот на Шкендија во плеј-офот во Лигата на Конференции, го назначи легендарниот германски фудбалер Торстен Финк за нов тренер. Овој поранешен играч на Баерн Минхен ќе го води турскиот тим низ двете пресметки против Шкендија.
Првиот меч се игра во Скопје, во четврток во 21:00 часот, и токму на тој натпревар се очекува Финк да дебитира. Промоцијата треба да се случи денеска.
Финк во минатото водеше многу клубови, а последен му беше Генк од Белгија. Кариерата ја почна во јуниорите на Ред Бул Салцбург, а потоа беше во Инголштад, Базел, Хамбургер, АПОЕЛ, Австрија Виена, Грасхоперс, Висел Кобе, Рига, Ал Наср, Сент Труден и сега на крај Генк.
Финк одигра преку 200 натпревари за Баерн Минхен во кариерата, со кого освои четири титули во Германија, и една во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

