Екипата на Македонија ЃП очекувано и заслужено дојде до првиот триумф во пролетниот дел од сезоната, откако попладнево на свој терен ја совлада најслабата екипа во ПМФЛ, и веќе испаднатиот тим на Шкупи со 3-0.
„Лавовите“ го решија победникот уште по првиот дел, кога поведоа со 3-0, а потоа во вториот дел и тие го намалија интензитетот, со цел да се сочуваат силите и за следните прволигашки предизвици, со оглед дека следува жестока битка за опстанок.
Македонија ЃП поведе во 10. минута. По кратка комбинација од корнер, Стојчевски ја уфрли топката во петерецот, каде што Хамзиќ ја смири и со шут ја смести во мрежата на Маљеќи.
Вториот гол „падна“ во 19. минута. Гереро поведе напад, одигра двојно со Адем, а Гереро со прекрасен лоб удар успеа да го дуплира водството.
Во 29. минута прекрасен гол за Софијаноски за предност од 3-0 за ѓорчепетровци. Во вториот дел Македонија ЃП постигна и уште еден гол, но истиот беше поништен поради офсајд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

