Беласица се засили со Шуку и Иљази

Во пресрет на пролетниот дел од сезоната, Беласица во своите редови се засили со уште двајца играчи. Ерион Шуку и Бујар Иљази се нови фудбалери на струмичкиот второлигаш.
Ерион Шуку е централен офанзивен играч и ќе претставува уште едно освежување во ростерот на Беласица, а од Беласица очекуваат да донесе уште поголем квалитет во офанзивата.
Тој доаѓа од екипата на ФК Шкупи.
Бујар Иљази е крилен играч и ќе претставува уште едно освежување во струмичкиот ростер. Негов последен клуб беше Шкендија Арачиново.

Се вчитува...