Поранешниот Вимблдон шампион Ричард Крајичек одоговори на прашањето кој за него е најважниот тенисер во историјата.
Белгиецот вели дека постои голема разлика помеѓу најдобар и најзначаен на сите времиња. Еден од нив е Новак Ѓоковиќ, а другиот е Роџер Федерер.
„За мене не се толку важни броевите, мислам дека постои голема разлика да бидеш најголем и најдобар во историјата“, започна тој.
„Да биде најголем е поважно отколку да бидеш најдобар. Да бидеш најголем значи дека си допринел многу повеќе за спортот. Тоа е играч кој донел нешто екстра. Затоа за мене најголем на сите времиња е Роџер Федерер. Тоа што тој го направи за оваа игра и за нејзината популарност е нешто неверојатно. Ако е прашањето најдобар на сите времиња тогаш тоа е Новак Ѓоковиќ. Без никаква дилема мислам дека дебатата е потполно јасна“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

