ВЛАТКО ГРОЗДАНОСКИ и НИКОЛА ЃОШЕВСКИ во „ПРЕСИНГ“: За А-репрезентацијата и очекувањата од баражот за СП, за славните денови на Вардар, за Елмас и Анчелоти…! (ВИДЕО)

ШЕСТНАЕСЕТТА ЕПИЗОДА ОД СПОРТСКИОТ ПОДКАСТ НА ЕКИПА – „ПРЕСИНГ“ – ОВОЈ ПАТ СО ЕДНИ ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ИМИЊА ВО ВАРДАРОВАТА ИСТОРИЈА, ВЛАТКО ГРОЗДАНОСКИ И НИКОЛА ЃОШЕВСКИ, ЧЛЕНОВИ НА ЗЛАТНАТА ГЕНЕРАЦИЈА НА ВАРДАР ОД 2003 ГОДИНА!

ОТВОРЕН РАЗГОВОР ЗА СЕ ВО МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ…. За А-репрезентацијата и очекувањата од баражот за СП 2026, за стариот и за новиот селектор, за Елиф Елмас, за трансферите на македонските фудбалери, за амбициозните родители и погрешниот притисок од најмала возраст, за Среќко Катанец, за славните мега-пресметки на Вардар со ЦСКА Москва и Спарта Прага!

РАЗГОВОРИ ЗА…

  • За А-репрезентацијата која изминативе години некако беше единствената светла точка во македонскиот фудбал со пласманот во Б-дивизијата од Лигата на нациите и обезбедениот бараж за пласман на СП 2026
  • За плеј-оф пресметката против Данска во мундијалскиот бараж, и што може да очекуваме од групата во Лигата на нациите против Швајцарија, Шкотска и Словенија
  • Влатко Грозданоски: „Со сета должна почит за сите домашни тренери, но Милевски за мене е најдобриот македонски тренер“
  • За новиот македонски селектор Гоце Седлоски: „Треба да гледаме напред… Треба да се даде максимална поддршка од цела домашна фудбалска јавност затоа што успесите на Македонија се најважни!“
  • Младите македонски таленти не треба да брзаат со трансфери во странство од најрана возраст: „Најголемите македонски трансфери се на фудбалери кои претходно играле неколку години сениорски фудбал во Македонија“
  • За амбициозните родители, за притисок кон младите фудбалерчиња, за фудбалските школи, едуцираните тренери и нивниот развој
  • За најновиот проект ФК Илинден кој го водат Грозданоски и Ѓошевски, а кој треба да промовира пред се млади македонски фудбалери
  • Влатко Грозданоски незаменлив дел од македонската репрезентација повеќе од десет години – Кој селектор му остави најголем впечаток!?
  • За славните денови на ФК Вардар и легендарните пресметки со ЦСКА Москва и со Спарта Прага – Кога Вардар беше само на еден гол од групи во Лигата на шампионите!
  • Никола Ѓошевски за трансферите на Елиф Елмас… За Карло Анчелоти и Антонио Конте, за Наполи, за Лајпциг….


================================================

ГЛЕДАЈТЕ ГИ И ПРЕТХОДНИТЕ ЕПИЗОДИ НА „ПРЕСИНГ“….

Се вчитува...