Куманово беше домаќин на завршниот турнир од Купот на Македонија, што заврши со нов пехар за МЗТ Скопје, а информациите од „куќата на кошарката“ говорат дека овој град и во наредните години ќе биде организатор на куп-завршницата.
По примерот на Србија, каде куп-турнирот со години наназад се игра во Ниш, така се очекува Куманово да биде местото каде ќе бидат играни битките за трофејот најмалку уште четири години.
Имено, планот е МКФ да потпише долгогодишен договор со Општина Куманово, која во меѓувреме се ќе обврзе најдоцна до крајот на годинава да го реши проблемот со ладењето и греењето во сала, кој беше единствена дамка на овој инаку одлично организиран куп.
Кумановци на крајот мораа да се задоволни „со сребро“ на теренот, но публиката и атмосферата на дуелите на кои играше домаќинот беа за чиста десетка.
Така нека биде и во иднина, и тоа во затоплена сала.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

