Управниот одбор на ФФМ на денешната своја седница донесе одлука редовното Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија да се одржи на 21 март 2026 година, во хотел „Хилтон“, со почеток во 11 часот.
Исто така, на денешната седница Управниот одбор на ФФМ донесе одлука за бесплатен влез за сите шест натпревари од УЕФА квалификацискиот турнир за жени до 17 години, кој ќе се одржи во Струмица и Турново во периодот од 28. февруари до 6. март 2026 година.
Управниот одбор на ФФМ донесе одлука и за бесплатен влез за квалификацискиот натпревар на А репрезентацијата жени, Македонија против Андора, кој ќе се одигра на 07. март 2026 година на стадион „Петар Милoшевски“ во Битола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

