Беласица за продолжението од сезоната во Втората македонска фудбалска лига ги промовираше поранешниот македонски репрезентативец Мите Цикарски и Мартин Шаренкоски.
Мите Цикарски е играч кој игра на левокрилните позиции, без сомнение, треба да претставува квалитетно освежување на ростерот на тимот. Со богато домашно и интернационално искуство сигурно ќе биде засилување за струмичани.
Мартин Шаренкоски, кој е играч од средината на теренот, во Беласица дојде од екипата на ФК Детонит Плачковица.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

