Норвешкиот скијач Јоханес Клебо продолжува да ги поместува границите на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина.
Во тимската трка на 6×1,6 километри, Клебо, заедно со сонародникот Ејнар Хедегар, постигна нова победа и со тоа дополнително го зацврсти статусот на најуспешен натпреварувач на Игрите.
Норвешкиот тандем ја помина целта со време од 18:28,9, а одлучувачкиот момент се случи пред последната смена, кога Хедегар ја предаде палката со водство од 1,5 секунди.
Кога Клебо ја презеде работата во свои раце, беше јасно се. Еден од најдобрите скијачи во историјата на спортот рутински го контролираше темпото и ја донесе трката до крај без драма, потврдувајќи ја својата врвна форма во Италија.
Ова е неговото десетто олимписко злато во неговата кариера, заедно со уште две (сребро и бронза), што го доведе до 12 медали на Зимските олимписки игри. Во сабота, тој ќе има можност дополнително да го зголеми својот вкупен резултат – на програмата е маратонската трка на 50 километри во класичен стил, каде што ќе атакува на шестото злато на овие Игри.
Големата борба за сребро ја добија Соединетите Американски Држави. Благодарение на силниот финиш на Гус Шумахер, кој настапи заедно со Бен Огден, Американците заостанаа само 1,4 секунди зад Норвежаните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

