Најлудата олимписка приказна: Ист тренер води 13 земји на ЗОИ 2026

Оние кои го следеа натпреварувањето во уметничко лизгање на Олимписките Игри можеби беа изненадени гледајќи исто лице крај голем дел од натпреварувачите.

Висок маж без коса седеше крај голем дел од финалистите додека тие ги исчекуваа финалните резултати од судиите, притоа имајќи неочекувано тешка задача – да ги менува јакните во зависност од лизгачите крај кои седи и им дав аподдршка.

Беноа Ришо е името на францускиот тренер и кореограф откако се појавија фотографии и видеа од него како ја менува опремата по речиси секој настап во арната во Кортина.

Во еден момент тој беше крај Американецот Максим Наумов, потора крај Французинот Адам Сиао, па со Гологев од Канада, крај Мексиканецот Донован Карилјо…

Ришо важи за брилијантен професионалец, што придонесе тој да прерасне во една од „ѕвездите“ на ЗОИ 2026, како кореограф на дури 16 натпреварувачи, 12 во поединечна конкуренција и четири двојки, од 13 различни држави.

„Не ми е проблем, ги носам сите јакни со себе и само брзо се пресоблекувам. Луѓето од сојузите или оние кои ги водат тимовите ми помагаат брзо да се пресоблечам. Некогаш е тешко бидејќи двајца мои лизгачи настапуваат еден по друг, но во секој случај ситуацијата е многу интересна и уживам во неа. Кога ќе ја сменам јакната, неверојатна е преобразбата, го заборавам она до пред една минута и целосно сум фокусиран на оној кој следен настапува. Почетокот не ми беше лесен, пред десетина години почнав да учам да лизгаат луѓе од по 70 години. Потоа тргнав напред, чекор по чекор и неверојатно е каде стигнав“, истакнува Ришо.

Се вчитува...