Јаник Синер го продолжи походот по трофејот на силниот турнир во Доха откако италијанскиот тенисер стигна до нова максимална победа, овојпат во дуелот со Австралиецот Попирин.
Првиот сет беше израмнет до 2-2, по што Синер добие три гејма во низа и на крајот славеше со 6-3. Попирин уште подобро парираше во вториот сет, каде беше егал се до 5-5, по што фаворитот конечно стигна до брејк и славеше со конечните 7-5.
Следен противник на Италијанецот ќе биде Чехот Меншик, кој денеска славеше со 2-0 во сетови на својот дуел со Кинезот Жанг.
Мора да се истакне и победата што Стефанос Циципас ја забележа на дуелот со Данил Медведев, со убедливи 6-3, 6-4, со што грчкиот тенисер ја прекина серијата од три порази од Русинот, воедноо прикажувајќи игра со која најавува излез од големата криза во која се најде во последно време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

