Хокеарите на Финска се третиот патник во полуфиналето на хокеарскиот турнир на Зимските олимписки игри во Милано-Кортина. Актуелниот шампион од игрите во Пекинг беше пред елиминација, но со фуриозен финиш успеја да се пласираат во ново полуфинале.
Швајцарците имаа се во свои раце откако имаа водство од 2-0 со головите на Риат и Нидерајтер уште во првата третина. Финците успеаја да намалат на 2-1 на шест минути до крајот на мечот со голот на Ахо, а на минута и 12 секунди успеаја и да израмнат на 2-2 со погодокот на Хеисканен.
Златниот гол за победа од 3-2 го постигна Леконен во четвртата минута од продолженијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

