Aлкараз без проблеми до четвртфинале на турнирот во Доха

Најдобриот тенисер на денешницата, Карлос Алкраз е последниот патник во четвртфиналето на АТП мастерс турнирот од серијата 250 кој се игра во катарскиот град Доха.

Шпанецот во последниот осминафинален дуел славеше над Французинот Валентин Ројер со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 7-5. Алкараз фуриозно го освои првиот сет за само половина час игра, а иако во вториот Ројер пружи отпор не можеше да направи ништо повеќе од освојување пет гема.

Во четвртфиналето Алкараз за противник ќе го има рускиот тенисер Карен Хачанов.

Се вчитува...