Прв список на новиот селектор: Без Димитријевиќ, со Хап како странец

Новиот селектор на кошаркарската репрезентација, Жозеп Марија Берокал, го објави својот прв список како предводник на нашиот национален тим, за претстојните натпревари со Луксембург и со Азербејџан.

Шпанскиот стратег е без преголеми изненадувањата во составот, со исклучок на враќањето на Итан Хап како избор за натурализиран кошаркар откако овие претквалификации ги почнавме со Омари Мур од Валенсија и со Џејкоб Вајли од Литвос Ритас.

Улогата на лидер повторно ќе му припадне на Андреј Јакимовски, додека Ненад Димитријевиќ нема да биде дел од репрезентацијата, од оправдани причини бидејќи во истите термини најдобриот македонски кошаркар има евролигашки обврски со Баерн Минхен.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

27.февруари, 2026 – Скопје: Македонија – Луксембург

2.март, 2026 – Баку: Азербејџан – Македонија

СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРИ ЗА ФЕВРУАРСКИОТ ФИБА „ПРОЗОРЕЦ“ 2026

Војдан Стојановски – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Магдевски – МЗТ Скопје Аеродром

Марин Петков – МЗТ Скопје Аеродром

Андреј Маслинко – МЗТ Скопје Аеродром

Стојан Ѓуроски – МКК Куманово

Виктор Ефремовски – Работнички

Андреј Митревски – Пелистер

Лука Стојановски – Пелистер

Теодор Симиќ – Кожув

Виктор Ташовски – ТФТ Скопје

Амар Хот – Маџари 2023

Адем Мекиќ – Бора, Косово

Ваљмир Какруки – Сигал Приштина, Косово

Лејсон Зеќири – Башкими, Косово

Андреј Јакимовски – Тренто, Италија

Итан Хап – Сан Пабло Бургос, Шпанија

Се вчитува...